Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) е одржлива граѓанска организација која работи на подобрување на условите за живеење и зголемување на стандардот на граѓаните.
Искуството на ИРЗ се базира на повеќе од 25 години работа во заедницата, преку адресирање на потребите на граѓаните и помош и поддршка при надминување на предизвиците.
Здружението, како неформална група, отпочна со работа кон крајот на 1994 година, и со прва официјална регистрација, од Министерството за внатрешни работи, во 1996 година.
Здружение ИРЗ изминатите 20 години се позиционира како организација која има знаења и човечки ресурси за спроведување и најкомплексни програми на локално, регионално и меѓународно ниво.
Вработените во ИРЗ се вклучени во работа на меѓународни организации и меѓународни меѓувладини организации и агенции, при реализација на проектни активности во најразличн земји. Здружение ИРЗ свои активности спроведува на 3 континенти: Азија, Европа и Северна Америка.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ