Здружението Институт за Развој на Заедницата (ИРЗ), учествуваше на почетниот состанок на проектот “Неформални вештини и очекувања за зајакнување на мигрантите и локалната економија” (ENSEMBLE), ко-финансиран од Еразмус+ Програмата на Европската Комисија. Состанокот се одржа во Брисел на 6-ти и 7-ми Декември 2017.
“ENSEMBLE” цели кон мапирање на потребите за обука и развој на иновативни алатки за подобрување на вештините на мигрантите во Клучна компетенција 7 “Смисол за иницијатива и претприемништво” на три полиња: Туризам/Кетеринг, Производство, Градежништво, вклучувајќи директно 200 мигранти и 150 едукатори на ВЕТ ниво.
Седум (7) партнери од пет (5) држави ја почнаа имплементацијата на проектот со планирање на активности од Интелектуален аутпут 2 – Извештај за потребите и динамика на учење. Дополнително, партнерите разговараа за деталите од Интелектуалниот аутпут 3 за Иновативниот прототип на неформалниот механизам на учење на “ENSEMBLE”.
ИРЗ учествува во имплементацијата на проектот “ENSEMBLE” преку следните активности: евалуација на проектот и акции за валоризација, поддршка во развојот и имплементацијата на Интелектуалните аутпути, настани за мултиплицирање.