Здружението “Институт за развој на заедницата”, ИРЗ – Тетово учествуваше на 4-от Транснационален состанок во рамките на проектот ENSEMBLE – Очекувања и Неформални Вештини за Зајакнувањена мигрантите и локалната економија. Состанокот се одржа на 1-ви Февруари во Болоња, Италија. Проектот ENSEMBLE е ко-финансиран од Еразмус + Програмата на Европската Комисија.
Ensemble има за цел да ги мапира потребите за обука и да развие иновативни алатки за подобрување на вештините на мигрантите во клучната компетенција 7 - "Смисла за иницијатива и претприемништво" во три области: туризам / угостителство, производство, градежништво, вклучувајќи 200 мигранти и 150 едукатори на ниво на стручно образование и обука.
ENSEMBLE НФИУ - Неформален и информален механизам за учење - користи медиуми, на пр. слики, видеа, секвенци на слики, овозможувајќи им на едукаторите да ги идентификуваат областите и степените на компетенциите на мигрантите. Покрај тоа, им овозможува на едукаторите да ги утврдат професионалните вештини на мигрантите, со цел да ги насочат кон најсоодветната понуда за стручно образование и обука (сопствени решенија) за вработување.
На состанокот, сите 7 партнери од 5 држави (Белгија, Македонија, Франција, Италија, Шпанија) кои претставуваат институции за стручно образование и обука, невладини организации и научни институти се занимаваа со неколку активности, односно преглед или можни прашања за фазата на имплементација, како и преглед на резултатите од учењето на обучувачите, алатките за меѓукултурно усогласување, контролната табла за мултимедијални вештини. Се дискутираше и за временските рамки и рокови за понатамошна имплементација на проектот.
За повеќе информации за проектот ENSEMBLE и Здружението Институт за развој на заедницата , ИРЗ – Тетово:
Проект ЕНСЕМБЛЕ: http://www.projectensemble.eu/index.php
ИРЗ: www.irz.org.mk