Здружението Институт за развој на заедницата Тетово заедно заедно со 7 партнери од 5 земји (Франција, Белгија, Р. Македонија, Италија, Шпанија) учествуваше на вториот состанок од ENSEMBLE на 22-ри и 23-ти Мај 2018 година во Малага, Шпанија.
Проект ENSEMBLE - "Неформални вештини и очекувања за зајакнување на мигрантите и локалната економија" има за цел развивање и вреднување иновативен НФИУ механизам со фокус на потребите на мигрантите кој ќе им помогне на ВЕТ едукаторите да ги идентификуваат и оценат НФИУ професионалните компетенции на групите мигранти овозможувајќи им да имаат главна улога во процесот на интеграција. Проектот е ко-финансиран од Еразмус+ програмата на Европската комисија и ЕНСЕМБЛЕ Конзорциумот е составен од ВЕТ институции, НВО-и и Истражувачки Институти.
За време на состанокот Партнерите имаа можност да го финализираат Интелектуалниот резулатат 2 преку ревидирање на ИО2 извештајот “Потребите на мигрантите и едукаторите и динамиката на учење”, кој ги консолидира наодите од секундарното истражување и основните истражувања добиени преку добро структурирано истражување. Истражувањето опфати три целни групи: мигранти, ВЕТ оператори и институционални засегнати страни и беше спроведено од страна на партнери во 5 земји.
Клучните наоди од извештајот ќе бидат основа за развојот на Интелектуалниот Резултат 3, Алатка за ВЕТ оператори за стручно образование и обука кои се занимаваат со мигранти, подобро да комуницираат со нив и да ја подобрат ефективноста на решенијата за стручно образование и обука и патеките што ќе доведат до посилна интеграција