Valet Free HTML5 Template

ENSEMBLE Expectation and Non-formal Skills

to Empower Migrants and

to Boost Local Economy


Ensemble Staff » 26/06/2019
news


[ Back ]

Здружение Институт за развој на заедницата, ИРЗ во Бастиа за завршниот состанок во рамките на проектот ENSEMBLE:


ИРЗ Тетово со свои претставници учествуваше на завршниот состанок во рамките на проектот ENSEMBLE. Состанокот се одржа во Бастиа, Франција на 26ти Јуни 2019. На состанокот учествуваа 7 проектни партнери од 5 држави (Франција, Белгија, Македонија, Италија, Шпанија).
ENSEMBLE – “Неформални вештини за зајакнување на мигрантите и локалната економија” има за цел развивање и потврдување на иновативен механизам за неформално и информално учење со фокус на потребите на мигрантите. Тоа им помага на обучувачите за стручно образование да ги идентификуваат и проценат неформалните и информалните вештини на мигрантите, овозможувајќи им да имаат централна улога во процесот на интеграција. Проектот е ко-финансиран од Еразмус + Програмата на Европската Комисија. ENSEMBLE Конзорциумот го сочинуваат институции за стручно образование и обука, граѓански организации и истражувачки институти.
За време на состанокот Конзорциумот разменија информации за досегашните активности и анализираа можности за понатамошни подобрувања на Проектните резултати. Општиот преглед на пилот фазата им помогна на партнерите во дискусијата за можни подобрувања на формализираната верзија на ENSEMBLE иновативниот НФИЛ механизам и ENSEMBLE упатството. На крајот, проектните партнери направија план за подготовка на финалниот извештај.
За повеќе информации за проектот ENSEMBLE на:
Проект ENSEMBLE вебстрана: www.projectensemble.eu
ИРЗ вебстрана: www.irz.org.mk

Partners

                             

This project has been funded with support from the European Commission. This web site and its contents reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.