IHF, Institut de Haute Formation aux Politiques Communautaires asbl, е непрофитна организација основана во Брисел (Белгија) во 2003.
Главна цел на IHF е да и обезбеди на заедницата (вклучувајќи не-профитни и локални власти) поддршка за развој на поширока меѓународна соработка преку активности на специјализирани обуки за Европски политики и дисеминација на Европски вредности.
Еден од начините за постигнување на оваа цел е организирање на високо специјализирани курсеви и семинари со фокус на развој на Европски проекти. Курсевите се фокусирани на ЕУ Политики и Легислатива, Меѓународни Односи и Проектен Менаџмент, промовирајќи ја можноста за учество во ЕУ-финансирани програми.
IHF исто така организира групи за учење во Брисел за млади дипломци, претставници на локални власти, МСП, Универзитети, промовирајќи активности за мобилност на различни нивоа на обука. Од 2004 година IHF има организирано повеќе од 40 научни посети во Брисел за повеќе од 500 луѓе.
IHF во претходни ЕУ финансирани проекти учествува како придружен партнер, придонесувајќи главно на активности за Дисеминација и експлоатација. IHF обезбедува понатамошна поддршка преку континуиран мониторинг на ЕУ законодавство и активности на Европски Институции, и последователно ширење на релевантни информации, помош во потрага по партнери и ширење на мрежи.
Благодарение на присуството во Брисел IHF asbl има развиено релевантно искуство во организација на активности за Дисеминација и Валоризација на ЕУ ниво, преку контакти со MEPs, други Европски здруженија и Институции, засегнати страни, групи на потрошувачи итн.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ